logo
logo
logo

Седум предмети од музеј во Холандија ќе бидат вратени на индијанско племе во САД

Vecer | 19.01.2025

Седум предмети од музеј во Холандија ќе бидат вратени на индијанско племе во САД

Неговото министерство објави дека наскоро ќе се изврши трансфер со резерватот Isleta del Sur Pueblo во Тексас, САД, пишува NL Times.

Во соопштението се вели дека пет од седумте предмети биле земени од холандскиот колекционер Херман ФК Тен Кејт Јуниор во 1882 година.

Одборот за колонијални колекции го изјави ова во писмо до министерот во декември, советувајќи го да ги врати предметите.

„Според извештајот за потеклото, Тен Кејт не се двоумел да употреби мито, принуда или закани за да ги убеди луѓето да продаваат предмети од големо лично или духовно значење“, се наведува во писмото.

Останатите два објекти се исто така најверојатно од резерватот Isleta del Sur Pueblo.

Племето било колонизирано од Шпанската империја во 17 век, а предметите, кои вклучуваат тропалка, штит и тапан со стапови, биле фотографирани кон крајот на 19 век и моментално се дел од колекцијата на музејот Лајден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk