Посебно внимание се посветува на отпадот и хигиената на просторот. Оставањето ѓубре или нечистотија се смета за неодговорно и грубо бидејќи може да предизвика непријатности за другите. Ова е причината зошто повеќето Јапонци чистат по себе и негуваат чувство на лична одговорност кон заедничките простори.
Инфлуенсерката Симран Џаин, реши да ги тестира овие тврдења за јапонската чистота на уникатен начин. Таа шеташе по улиците на Токио во бели чорапи за да спроведе мал експеримент.
Експериментот беше повеќе од успешен. Чорапите останаа речиси целосно чисти, потврдувајќи ја исклучителната чистота на улиците.
Иако Јапонија со децении нема речиси никакви корпи за отпадоци на улиците, јавните простори остануваат уредни. Овој недостиг на канти датира од 1995 година, по терористичкиот напад со гас сарин.
Нападот, извршен од домашна култна група, вклучуваше ослободување на смртоносен сарин на неколку линии на метрото во Токио за време на шпицот. Како мерка на претпазливост, корпите за ѓубре се отстранети од железничките станици, улиците и другите јавни места за да се спречат идни напади.
Денес, иако некои железнички станици повторно воведоа ограничен број корпи за отпад, тие сè уште се ретки на улиците и на повеќето јавни места. Многу локални власти ги сметаат за непотребен трошок. Наместо тоа, јапонското општество се потпира на длабоко вкоренети навики за одговорност и чистота, што резултира со неверојатно чиста околина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата