logo
logo
logo

Се претставил како Бред Пит и барал пари за лекување- Французинка му дала 830.000 евра (ФОТО)

Vecer | 14.01.2025

Се претставил како Бред Пит и барал пари за лекување- Французинка му дала 830.000 евра (ФОТО)

Ана тврди дека измамникот ја контактирал преку Инстаграм, претставувајќи се како мајка на актерот, Џејн Ета Пит.

Еден ден подоцна, таа добила уште една порака од друга корисничка сметка на која наводно пишувало: „Здраво, Ана. Мајка ми ми кажа многу за тебе. Би сакал да знам повеќе за тебе“. Ана рече дека во тој период поминувала низ тешка криза во бракот, поради што чувствувала дека може да ѝ се довери на оваа личност - која на крајот ја злоупотребила нејзината доверба.

"Стануваше збор за Бред Пит. Прво си реков дека сето тоа е лажно, но не разбрав што навистина се случува. После тоа, тој почна да ми пишува секој ден и станавме пријатели", рекла Ен. "Толку малку мажи пишуваат такви работи. Ми се допадна мажот со кого разговарав. Знаеше да разговара со жени, секогаш го правеше тоа на многу атрактивен начин", додала таа.

„Бред Пит“, вели Ана, во еден момент ѝ напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување. Тој ѝ испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција. Никогаш не разговарале на телефон бидејќи, како што вели Ана, секогаш биле презафатени.

По неколкумесечна кореспонденција, Ана се согласила да се омажи за човекот кој ѝ праќал пораки. Таа на крајот му платила пари за „третман“ на лажна сметка. Почнала да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавиле фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон. Таа ангажирала инспектори кои набрзо ја откриле вистината - таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.

Странските медиуми јавуваат дека Ана потоа завршила во болница и ѝ била дијагностицирана тешка депресија. Не се знае дали успеала да си ги врати парите, но наводно е во тек истрага.

Овој инцидент се случил откако портпаролот на Бред Пит предупредил дека уште две други жени биле измамени преку Интернет на ист начин. „Ужасно е што измамниците ја искористуваат силната врска што обожавателите ја имаат со познатите личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто не се присутни на социјалните мрежи“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk