logo
logo
logo

Се породи ќерката на Бил Гејтс, доби девојче со Египќанецот Насар (ФОТО)

Vecer | 03.11.2024

Се породи ќерката на Бил Гејтс, доби девојче со Египќанецот Насар (ФОТО)

28-годишната ќерка на милијардерите Бил Гејтс, Мелинда Френч Гејтс го дочека своето второ дете, девојче, со сопругот Најел Насар. Среќната вест ја објави на Инстаграм споделувајќи фотографија од новороденчето како спие во креветче, додека постарата сестра Лејла љубопитно ѕирка.

Во описот на објавата, Џенифер го откри името на новородената ќерка и специјалниот датум кога се родила. „Ви ја претставуваме Миа, родена на нашата 3-годишнина од бракот“, напиша таа и додаде: „Најубавиот подарок што можевме да го побараме“.

Инаку, Џенифер неодамна дипломирала медицина, а моментално го завршува својот престој во Њујорк.

Во 2021 година, Џенифер се омажи за Најел, олимписки коњаник, по четири години врска.

На свеченоста имало 300 гости, а биле потрошени околу два милиони долари. Џенифер рече дека планирањето свадба за време на пандемијата и кога нејзините родители се разведуваат, било предизвик.

„Ова беше година со предизвици, и со пандемијата и со нашето семејство што минува низ транзиција. Но, нашата љубов еден кон друг беше постојана. Да можеме да ја прославиме венчавката со нашите најблиски пријатели и семејството беше остварување на сонот“. Тогаш изјавила Џенифер и открила дека бара сите гости да се вакцинираат и да донесат негативен тест за ковид пред свадбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk