logo
logo
logo

Се огласи ЖЕШКАТА АПТЕКАРКА која „растура“ на ТИК ТОК: Сами сте виновни ако ги загубите мажите!

Vecer | 13.04.2021

Се огласи ЖЕШКАТА АПТЕКАРКА која „растура“ на ТИК ТОК: Сами сте виновни ако ги загубите мажите!

- На сите жени можам да им порачам дека ако ги загубат мажите, самите се виновни. Нека размислат за тоа, вели самоуверено 45-годишната Ана Милановиќ, која стана вистинска ѕвезда буквално преку ноќ.

Оваа медицинска сестра од Крагуевац стана позната благодарение на видеата кои ги објавува на Тик Ток, а буквално преку ноќ ја „стресе“ цела бивша Југославија. На оваа мрежа ја следат повеќе од 50 000 фанови, а признава дека има и додоворувачи.

- Свесна сум дека сум пожелна и не се срамам од тоа. Секси сум, некогаш и смешна, но никогаш вулгарна што е најважно. Не гледам што има лошо во тоа маж да види убава жена и да и даде комплимент. Една, веројатно, љубоморна жена оставила коментар „заради една ваква од Тик Ток јас го загубив мажот“. Не сакав да и одговарам, но на жените можам да им порачам ако си ги загубат мажите, не се виновни други жени, туку тие самите. Нека размислат за тоа, вели Ана.

За тоа што поминува време на оваа мрежа вели виновен е корона вирусот и состојбата која подразбира изолација и недружење.

- Сестра сум во ковид-одделение на интензивна нега каде секојдневно умираат луѓе. Стресот на мојата работа со која се бавам 25 години врвот го достигна за време на короната. Кога ќе ми заврши смената одам во мојата аптеа. Дома сум мајка. Додека работам си смислувам што да снимам и која песна да ја претставам. Се снимам сама, со телефон. Сама се шминкам, облекувам, и во еден ден правам петнаесетина видеа, објаснува Ана.

Вели дека е вдовица, а мажот и починал пред три години.

- Не сакам никој да ме сожалува, да ме теши и гледам во секоја ситуација да најдам нешто добро, вели оваа рускокоса медицинарка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk