logo
logo
logo

СЕ ДОПИШУВААТ од 1938 година, а се запознале дури во 2002 - Тој живее во Велика Британија, а таа во САД

Vecer | 02.12.2022

СЕ ДОПИШУВААТ од 1938 година, а се запознале дури во 2002 - Тој живее во Велика Британија, а таа во САД

И двајцата наполнија 100 години, а се допишуваат од 30-тите години на минатиот век. Тој живее во Велика Британија, а таа живее во САД.

Џеф Бенкс живее во Девон и почнал да и пишува на Селест Бирн откако  добил нејзин контакт во 1938 година. И двајцата биле дел од едукативен проект за воспоставување контакт меѓу британски и американски студенти.

Со текот на времето, тие станаа добри пријатели. Решиле да го задржат тој пријателски однос што подолго.

Тука можете да видите како изгледаат.

Поминаа децении и многу од нивните писма патуваа преку Атлантикот во двете насоки.

Подоцна со помош на нивните деца прифатија нови технологии, па сега комуницираат на други начини, преку електронска пошта и видео повици.

24sata

Тие дури се запознале во 2002 година кога Џеф го посетил Њујорк.

Тој кажа колку ужива во нивната врска.

- Да ѝ пишувам во текот на сите овие години ми беше извор на големо задоволство. Таа е многу интересна личност. Разменуваме приказни и многу е интересно да се разговараме со неа – рече тој.

Некои шпекулираа дека можеби имало некаква романса меѓу нив, но тие категорично демантираат.

- Не, ние сме само пријатели, како луѓе што живеат во соседството. Ги прашуваш како се, кажуваш неколку зборови и потоа и двајцата одите на работа - продолжи Селеста, а пренесува BBC.

Насловна фотографија принтскрин BBC

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk