logo
logo
logo

Сакате брзо да ослабете?! ЈОГУРТ ДИЕТАТА е вистинско решение

Vecer | 23.04.2021

Сакате брзо да ослабете?! ЈОГУРТ ДИЕТАТА е вистинско решение

Јогурт диетата не само што е ефикасна, туку заради неа и овој напиток ќе го засакате уште повеќе. И не само што е освежителен, туку е и богат со многу хранливи состојки и организмот го снабдува со калциум и бактерии корисни за нашите црева.

Исто така, има одредени антибактериски и антигабични својства, и помага и при варењето на храната. Одличен е и за срцето, бидејќи млечните протеини кои ги содржи, како и високото ниво на калциум, магнезиум и калиум, го регулираат крвниот притисок и работата на срцето.

МЕНИ:

1 ден

појадок: 150 мл јогурт и 150 г ананас

ручек: 50 г ‘ржан леб, чинија зелена салата прелиена со јогурт (150 мл) и зачини, 1 банана

вечера: 200 г печена пастрмка без маснотии, 200 г варен компир, 200 г варена блитва

2 ден

појадок: 150 мл овошен јогурт, 200 г јагоди

ручек: 100 г интегрални тестенини, 60 мл доматен сос, 100 мл јогурт

вечера: 150 г посно кравјо сирење, 50 г интегрален леб, 200 г ротквица

3 ден

појадок: 150 мл јогурт, 200 г сезонско овошје (или една банана)

ручек: 50 г варен ориз, 200 г варен грашок, 200 г салата од цвекло

вечера: 200 г печено пилешко бело месо, салата од 200 г зелена пиперка и 400 г домат, овошен јогурт 200 мл

4 ден

појадок: 150 мл овошен јогурт, 150 г јаболка

ручек: 200 мл супа од шампињони, парче ‘ржан леб, 400 г динстан зеленчук (тиквички, модар патлиџан, моркови, шампињони)

вечера: 100 г пилешки виршли, 400 г салата од краставица преливена со јогурт (100 мл)

5 ден

појадок: 150 мл јогурт со 30 г житни снегулки

ручек: 200 г варено филе од ослич, 100 г варен морков, 200 г варена шпаргла, 200 г варен карфиол

вечера: 100 г компир со четири лажици јогурт и зачини, зелена салата со лимон

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk