Системот на Одделот за моторни возила во Мериленд соопштил дека Никол е мртва. Ова откритие ја шокирало, објави Пипл.
"Тогаш се чинеше како да сум починала. Бев малку исплашена, нема да лажам и бев изненадена, бидејќи сум жива. Тука сум", изјавила Никол.
Иако многумина би помислиле дека би било прилично едноставно да се сменат податоците, бидејќи Никол била таму, докажувањето дека е сè уште жива било кошмар. Тие ѝ рекле дека не може да ја продолжи возачката дозвола поради „статусот на починат“ и дека нејзе и на нејзините три деца ѝ е откажано здравственото осигурување.
Како резултат на тоа, медицинските сметки се натрупале, а Никол дури и останала без инхалаторот што ѝ бил потребен за нејзината астма.
„Ова навистина, навистина ми го уништи животот. Многу ме погоди“, признала таа.
Кога нејзината приказна станала вирална откако била пренесена од „News 4“, Никол почнала да добива некои одговори. Медиумската куќа контактирала со многу владини агенции во Мериленд за да открие како настанала грешката. На крајот дознале дека сето тоа е поради грешка при печатење.
Излегува дека погребалното се обидело да пријави нечија смрт, но тие погрешиле една цифра во социјалниот број. Збунувачки ѝ го испратиле бројот на Никол, поради што во записите се гледа како „покојна“.
„News4“ откри дека во САД секојдневно се случуваат 10.000 вакви случаи, а помалку од една третина од нив се коригирани.
"Ова се случува речиси секој ден. Последиците се најлоши можни за вашиот кредитен извештај", рекол адвокатот Џозеф МекКлеланд.
Никол оттогаш ги средила работите, иако верува дека тоа немало да се случи доколку не ја раскажала својата приказна за весникот.
"Се обидов да го решам сама и не постигнав ништо. Да не беше NBC News да ми понуди помош, никогаш немаше да го решам овој проблем. Целото фијаско се одрази на моето физичко и ментално здравје", заклучила Никол.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата