Ако не сте запознаени, тоа е заедница која ја застапува тезата дека „Земјата е рамна како чинија“, и дека светските влади „учествуваат во глобална измама“.
Водителот му посака добредојде на својот гостин, со кого стапил во контакт преку мејл. Зим изразил желба да разговара за низа теми, како што се слетувањето на Месечината, Антарктичката повелба од 1959 година и, се разбира, обликот на Земјата.
Тој објасни дека цврсто верува дека нашата планета е „слична на рамен диск“ и детално ги објаснил своите причини за тоа. Водителот го сослуша, а потоа му постави интересно прашање.
„За да имплицирате дека Земјата е рамна, вие не само што велите дека НАСА лаже, дека има заговор во една организација, туку дека има повеќе од 70 глобални вселенски агенции вклучени, од кои 13 имаат можности за лансирање“, рече Хејлс. и продолжи:
„Не само што велите дека над 70 агенции лажат за формата на Земјата, туку дека сите вработени лажат или се измамени од нивните организации. Понатаму, секој астрофизичар, астроном или астронаут во светот е, по ваша импликација, измамник кој е платен да истражува преку телескопи и инструменти кои би биле бескорисни доколку светот е рамен. Грубо кажано, околу 75.000 луѓе лажат за тоа што работат за живот“.
Водителот го погледнал својот соговорник и изјавил дека „толку различни луѓе се вмешани во голема измама“.
Со тоа, изразот на Зим се смени. Успеал да изговори неколку зборови, но набрзо се „собрал“ и одговорил, пренесува LadBible.
„Значи, сите компании или владини агенции кои лансираат ракети во вселената се дел од една организација. И секоја земја што лансира ракети во вселената е дел од Антарктичката повелба (забранува воени активности на ледениот континент, но дозволува научни истражувања)“.
На прашањето дали овие нации „ја лажат пошироката јавност“, Зим одговори:
„Да. Не знам за бројот на луѓе, но верувам дека фактот дека Земјата е рамна е класифициран на многу високо ниво“.
Корисниците на социјалните мрежи различно го коментираа интервјуто. Многумина веруваат дека „рамноземјаните“ грешат, но има и такви кои ги бранат ставовите на Зим.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата