logo
logo
logo

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

Vecer | 26.05.2023

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

Во предупредувањето од пред два дена откриено е дека кинеската кибершпионажа била насочена кон армијата и и владините институции во САД.

Кинеските власти негираат дека шпионирале западни мети, а предупредувањето на САД и сојузниците го оценија како „колективна кампања за дезинформации“.

Вашингтон, сојузниците и Мајкрософт на 24 мај предупредија дека хакерска група спонзорирана од кинеска држава инфилтрирана е во големите инфраструктурни мрежи во САД. Во заедничко соопштение на властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, се предупредува дека се забележани „низа активности“ поврзани со „кинескиот државен кибер актер, познат и како Волт Тајфун“.

- Таквата активност влијае врз мрежите на главните американски инфраструктурни сектори и субјектот што ги извршува нападите може да ги примени истите методи … низ целиот свет, се наведува во соопштението.

Додека Мајкрософт соопшти дека „Волт тајфун“ е активен од средината на 2021 година и дека, меѓу другото, имал за цел важна инфраструктура на островот Гуам, каде е лоцирана голема американска воена база во Тихиот Океан.

Набљудуваното однесување води до заклучок дека злонамерниот актер има намера да се вклучи во шпионажа и да го одржува пристапот (до инфраструктурата) што е можно подолго без да биде забележан, се истакнува во соопштението на американската технолошка групација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk