logo
logo
logo

САД доделуваат четири милијарди долари во фонд на СБ за помош на најсиромашните земји

Vecer | 19.11.2024

САД доделуваат четири милијарди долари во фонд на СБ за помош на најсиромашните земји

Трансферот се случува на два месеци пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата кој со себе носи политики за екстремно намалување на буџетот на САД.

Бајден, кој е лидерот во заминување, објави за алокацијата на средствата во фондот на СБ Меѓународна асоцијација за развој (ИДА) во текот на самитот на Г-20 што деновиве се одржува во Рио де Жанеиро, негово последно учество на овој собир на светските лидери.

-Претседателот денеска објави дека САД имаат намера да издвојат четири милијарди долари во текот на три години … ова е навистина неверојатно, изјави синоќа претставник на администрацијата но под под услов за анонимност.

Претставникот истакна дека оваа обврска нема да биде задолжителна за новата администрација на Трамп, но додаде дека претходните републикански влади исто така го поддржувале пополнувањето на овој фонд.

Заменикот на советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Џон Фајнер, претходно ја нарече оваа обврска „историска“ и изјави дека Бајден ќе „ги повика другите лидери да ги зголемат своите придонеси“.

Меѓународната асоцијација за развој е структура на Светската банка која обезбедува поволни кредити и се користи за поддршка на некои од најсиромашните земји во светот, вклучувајќи проекти насочени кон борба против климатските промени.

За време на шестдневната турнеја низ Јужна Америка, Бајден се стреми да го зацврсти своето меѓународно наследство пред избраниот претседател Трамп да се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Бајден во неделата ја посети дождовната прашума Амазонија во Бразил за да ги нагласи своите достигнувања во борбата против климатските промени, изјавувајќи дека САД ја постигнале целта за зголемување на билатералното климатско финансирање на 11 милијарди долари годишно.

Милијардерот Трамп вети дека ќе укине многу од политичките одлуки на Бајден и го назначи милијардерот Илон Маск за претседател на комисијата која ќе се занимава со прашањата за она што тој го нарекува „растрошност на федералната влада“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk