Розовата полна месечина е опишана преку знакот во кој се наоѓа, па затоа зборуваме за полна месечина во скорпија, воден знак во кој владее интимност, сексуалност, тајна и окултност.
<b>Зошто оваа месечина се нарекува розова?</b>
Името доаѓа од племе на северноамериканските Индијанци кои ја нарекоа полната месечина во април розова, поради бојата на цвеќињата во тоа време. Но, тоа не е единственото име, има и имиња како „Месечина на рибите“, „Месечина што крши мраз“ и „Месечина кога се враќаат патките“.
<b>Како влијае врз секој хороскопски знак?</b>
Полната месечина во скорпија ќе биде особено поволна за луѓето родени во знаците близнаци, вага и водолија.
<b>Овен</b>
Го осветлува полето на врските и ги поддржува хармоничните односи, може да донесе и предизвици.
<b>Бик</b>
Носи можност да донесе важна одлука поврзана со преселување, вселување, веридби или венчавки. Ќе влијае и на деловните партнерства.
<b>Близнаци</b>
Вашиот професионален живот е во фокусот, бидејќи сигнализира крај или пресврт на тоа поле. Од губење на работа до донесување одлука да ја смените, сè е можно.
<b>Рак</b>
Уште подобро го осветлува полето на љубовта и страста, како оние романтичните и оние кон работите кои сакате да ги совладате. Време е за зголемена акција и креативност.
<b>Лав</b>
Акцентот е ставен на чувствата н,о и на недвижностите, немојте да се изненадите од одлуки како што се оние поврзани со преместување или реновирање на домот, интензивни размислувања на темата недвижности, воопшто.
<b>Девица</b>
Ќе го активира вашето поле на комуникација, интелект и идеи. Користете ја енергијата за пишување, зборување или маркетинг идеи, бидејќи сето ова може да помогне да се затвори поголем деловен потфат.
<b>Вага</b>
Влијае на вашата финансиска состојба. Можно е покачување на платата, но и размислувања за имотот; немојте да бидете изненадени од можноста за нова понуда за работа.
<b>Скорпија</b>
Некои отворени прашања ќе добијат одговор, ќе станат појасни. Затоа се можни настани како завршетоци и значајни случувања во некои од поглавјата од животот, кои на тој начин ќе бидат затворени.
<b>Стрелец</b>
Може да разбуди чувство што сте го избегнувале, бидејќи носи конфронтација со минатото, нерешени прашања, лични стравови. Време е да се соочиме со тоа.
<b>Јарец</b>
Од големо значење ќе има поединец или поединци кои ќе ви помогнат да постигнете важна, голема цел за вас, но подеднакво е можно да се изненадите колку лесно некои луѓе го напуштаат вашиот живот.
<b>Водолија</b>
Ќе донесе посебна енергија во вашата кариера, амбиции и јавно признание во вид на награда, унапредување, понуда за нова работа. Ќе се чувствувате одлично.
<b>Риба</b>
Ќе ве поттикне да излезете од вашата комфорна зона. Загледајте ја точката на промена која е поврзана со некој долгорочен проект или лична ситуација, бидејќи промената е пред ва.