Фолкерката Јана Тодоровиќ неодамна гостувала и била ѕвезда на вечерта на една ромска прослава, а многумина искоментирале, на една од најлуксузните, но најшокантните прослави видени кога било.
Венчавката на семејството Бегановиќ се одржала во Хамбург, а ја одбележале разни скапи детали, но и луксузни стајлинзи и аксесоари.
Во нивниот дом има лустери „Шанел“ на таванот и тоа во различни модели, како и дневната и трпезаријата изработени во модерен стил.
Младиот Бегановиќ поседува големо богатство, за што сведочи и колекцијата на „Ролекси“, „Гучи“ и „Прада“.
Но, она што сите го забележале и што ги шокирало се златните цуцли „Бентли“ и „Ролекс“ што ги носеле најмладите членови на семејството Бегановиќ, како и обетките „Ролекс“ кои можеа да се видат на гостите таа вечер.
За оваа прослава не се штедело на ништо - од деталите, аутфитот, амбиентот до музиката на која не и недостасувало бакшиш таа вечер бидејќи на оваа прослава присуствувале многу богаташи, објави емисијата „Свадба од милион евра“.