logo
logo
logo

Родителите на тинејџерот кој отвори оган во средно училиште во САД се ОБВИНЕТИ за у*иство од небрежност

Vecer | 04.12.2021

Родителите на тинејџерот кој отвори оган во средно училиште во САД се ОБВИНЕТИ за у*иство од небрежност

Родителите на тинејџерот кој во вторникот отвори оган во средно училиште во САД и уби четири лица се обвинети за убиства од небрежност во петокот, изјави обвинителката на округот Оукланд, Карен Мекдоналд, нагласувајќи дека тие се одговорни и за злоделата на нивниот син. .

Итан Крамбли (15) „влезе во училиштето и го повлече чкрапалото, но други луѓе придонесоа за настанот и јас имам намера да ги повикам на одговорност“, рече таа, најавувајќи тужби против Џејмс и Џенифер Крамбли.

Џејмс Крамбли неколку дена претходно купил полуавтоматски пиштол со кој неговиот син го извршил нападот.

Загинаа четворица средношколци во Оксфорд, град во Мичиген, а шестмина се повредени, меѓу кои и еден наставник.

Напаѓачот е уапсен на местото на злосторството и обвинет за „терористички напад и убиство“.

Престрелката во вторникот се случила во училиште во Оксфорд, мал град кој се наоѓа на околу 65 километри северно од Детроит.

Сочувство до семејствата на загинатите изрази и американскиот претседател Џо Бајден.

Обвинителот Мекдоналд вети брзо судење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk