logo
logo
logo

Родители на удар на јавноста, откако нивното дете „дивее“ на осумчасовен лет (ВИДЕО)

Vecer | 24.11.2022

Родители на удар на јавноста, откако нивното дете „дивее“ на осумчасовен лет (ВИДЕО)

Патник, за кого се верува дека потекнува од САД, споделил видео од немирното дете за време на осумчасовниот лет, додека скока на масичката закачена на седиштето.

Патникот на предното седиште го игнорира метежот и покрај тоа што неговото седиште се лула од скокањето на детето. Видеото збеснало многумина.

„Би се чувствувал како пропаднат родител доколку моите деца го прават ова, а јас не реагирам“, напишала една личност.

„Моите родители би ме исфрлиле од авионот среде лет“, додал друг.

"Никогаш не би дозволил ова да им се случи на децата. Погласно зборување или плачење е едно, но скокањето по масички е друго. Целосно неприфатливо и неодговорно од родител", рекол трет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk