logo
logo
logo

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди Треви

Vecer | 22.12.2025

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди Треви

Одлуката, која ја соопшти градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, се очекува на градот да му донесе околу 6,5 милиони евра годишно. Гвалтиери посочи дека пренатрупаноста и зачестените кражби биле една од главните причини за воведување контролиран пристап.

Фонтаната Ди треви е една од најпосетуваните туристички атракции во Рим.  Дневно ја посетуваат околу 30.000 луѓе, а бесплатно ќе можат да ја разгледуваат само жителите на италијанската престолнина. Сите останати кои ќе сакаат да заштедат две евра ќе мора тоа да го прават од далечина.

И покрај ваквата промена од страна на властите, обичајот на фрлање паричка во фонтаната, поврзан со верувањето за исполнување желби, останува непроменет, а собраните пари потоа се донираат на хуманитарната организација Каритас. 

Со цел да го заштитат културното наследство слични мерки воведуваат и дел од другите градови во Италија. Во 2023 година беше воведена наплата за влез во Пантеонот, додека Венеција минатата година почна да наплаќа туристичка такса за влез во централното градско подрачје за време на периодите со најголема посетеност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk