logo
logo
logo

Хуманитарна „трка на Дедо Мразовци“ во белгискиот град Хаселт

Vecer | 22.12.2025

Хуманитарна „трка на Дедо Мразовци“ во белгискиот град Хаселт

 Во град Хаселт во североисточна Белгија синоќа, втора година по ред, се одржа „трка на Дедо Мразовци“, од која приходот е наменет за хуманитарната организација „Деца за деца“ („Kids4Kids“), чија цел е поддршка на млади од ранливите категории за занимавање со спорт.

Во трката низ центарот на Хаселт учествуваа околу 750 лица облечени како Дедо Мраз, госпоѓа Мраз, новогодишни елки, ирваси, па дури и како Гринч.

Организаторите на настанот најавија дека целта на трката не е постигнување победа и подобри времиња, туку забава и прибирање што повеќе средства за хуманитарната цел.

Така, покрај самата трка во центарот на Хаселт беше поставен импровизиран ѕид на кои граѓаните можеа слободно да пишуваат графити, а настапија и повеќе танчарски групи и пејачи, кои изведуваа најразлични нумери, од божиќни песни, преку класични хитови, па до модерни звуци.

Се на се: многу забава, многу светла и пријатна божиќна атмосфера за одлично забавување во пресрет на Божиќ и Нова година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk