Современата ера донесе со себе, со помош на технологијата, напредок на многу полиња, а со тоа и во областа на убавината. Со оглед на тоа што жените денес се повнимателни на својот изглед од кога било, и на секој начин се трудат да го забават стареењето и да ги сокријат брчките, тие се подложуваат на разни третмани како ботокс, кој го продолжува стареењето на кожата барем за одреден период.
Меѓутоа, во денешниот свет на нега на кожата кој постојано се развива, природните лекови се натпреваруваат со современите третмани, а лененото семе е дефинитивно еден од нив.
<b><i>За да се спречи појавата на брчки и опуштена кожа, многу жени се подложуваат на третмани со ботокс</i></b>
Познато по своите значителни здравствени придобивки, но сега предизвикува бранови и во индустријата за убавина, а особено е популарно на социјалните мрежи каде жените сведочат за неговите неверојатни придобивки и ефекти.
Социјалните мрежи беа преплавени со информации дека лененото семе има неверојатно влијание на кожата. Секојдневно, корисниците на оваа мрежа се обидуваат да истражуваат начини како да ги намалат акните на лицето, да ја подобрат кожата или да ги намалат брчките кои се појавиле.
Маската за лице од ленено семе се здоби со голема популарност. Но, што ги прави овие семиња посебни и корисни за нашата кожа?
Лененото семе е богато со есенцијални масни киселини, особено омега 3, кои се клучни за здравјето на кожата. Тие делуваат локално и можат да ја смират и разубават кожата.
Овој процес подразбира комбинирање на вода и ленено семе за да се формира компактна смеса слична на гел, која кога се нанесува на кожата има смирувачко и антиинфламаторно дејство. Многумина тврдат дека делува во намалување на црвенилото и иритацијата, а антиоксидансите кои се наоѓаат во семките се борат против слободните радикали и ги забавуваат знаците на стареење.
Лененото семе ја зголемува еластичноста на кожата, го намалува воспалението и ја хидрира кожата - но сепак не е замена за ботоксот. Ботокс за инјектирање привремено ги парализира мускулите на лицето, намалувајќи ги линиите и брчките на начин на кој локалните третмани не можат.
Сепак, вклучувањето на семето од лен во вашата дневна рутина и нега може да даде одлични резултати. Ќе добиете, според корисниците на социјалните мрежи, посјаен тен, подобрена текстура на кожата и слично.
Иако многумина претпочитаат да брзаат кај пластичниот хирург и да побараат поконкретно решение како ботокс, факт е дека лененото семе е природна и исплатлива опција за оние кои го сакаат овој пристап за нега на кожата.
Не е важно со каков естетски проблем се соочувате, дали се работи за сува кожа, црвенило или рани знаци на стареење, се што ви треба е хранлива формула од ленено семе.