Приказната за Рис Стајнер (27) и Ема Харисон (28) постојано се ажурира на мрежите, а многумина остави без зборови.
Тие ја купиле куќата, изградена во 1897 година, а обемната работа вклучувала поправка на кујната. Меѓутоа, кога го подигнале стариот под, виделе необична покривка.
„Ги сакаме куќите од тој период, а овој детал нѐ натера да размислуваме“, изјавила Ема.
Откако го подигнале капакот, здогледале бунар длабок 20 метри (!), кој најверојатно бил изграден кога куќата била изградена, односно служел за снабдување со вода за домаќинството.
„За жал, старите сопственици го покрија отворот“, додал Британецот.
@victoriahouseinthehills Replying to @Karma Replying to @Karma Overdue well update! 💧 #renovation #renouk #amazingfinds #historical #discovery #weirdfinds #periodproperty #renovationproject #renovatingourhome ♬ original sound - Victoria House
Ако нивната претпоставка е точна, тоа значи дека бунарот е стар 127 години. Останува прашањето колку време бил надвор од употреба, пишува The Sun.
На снимката што ја објавија на TikTok, ги гледаме како го креваат капакот и потоа ја проверуваат длабочината на бунарот користејќи чаша и јаже.
За кратко време, тие собраа милиони прегледи, а многу корисници изјавија дека се „згрозени“ од откритието.
@victoriahouseinthehills Investigating the well under our kitchen floor 💧 #renovation #victorianhome #victorianrenovation #victorianrenovationuk #DIY #hiddengem #quirkyhouse #welltok #waterwell ♬ A Day in My Life - Soft boy
Ема открила дека ќе го зачува бунарот и ќе го заштити со стаклена преграда.
„Тоа ќе биде одлична декорација во нашата кујна. Сѐ ќе направиме сами, па ќе потрае малку“, рече таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата