Семејната куќа е стара 124 години, што особено придонесува за мистеријата, а жената открила дека при отстранување на каминот пронашла скриена фотографија, пренесува Newsweek.
„Одлучивме каминот, веројатно стар повеќе од 100 години, да го преместиме во друга просторија. Затоа го расклопивме“, објасни таа.
Потоа забележале црно-бела фотографија на задната страна, која била покриена со дебел слој прашина. Кога ја исчистиле и ја донеле на светлината на денот, сфатиле дека се работи за семеен портрет, на кој се прикажани две деца.
„Што да правиме со фотографијата сега? Веројатно припаѓа на семејство кое живеело овде во 1900-тите“, вели Џена.
@jennaxhall what do we do with it now??? it had to have belonged to the original family in 1900… #renovation #renovationseries #renovationtiktok #foryourpage #fyp #foryoupage #viraltiktok #viralvideo ♬ original sound - Noah Kahan
Гледачите биле воодушевени од откритието, а сите го поставија истото прашање - кои се децата на фотографијата?
„Ова е одлично! Најдовте скриен дел од историјата“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Јас би ја зголемил фотографијата и би ја врамил“.
Џена, за жал, нема одговор на прашањето кому му припаѓала црно-белата фотографија, а можеби одговор ќе добиеме во блиска иднина.
Еден корисник напиша: „Навистина ме интересира каков живот имале тие деца“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата