Откако го срушиле и отстраниле дел од стариот ѕид, виделе човечки череп и останале без зборови од шок, објавува „Мирор“.
Невиден пресврт
Глетката била застрашувачка, но решиле да го истражат прашањето до крај, па полека ги отстраниле сите панели. Потоа се случил невиден пресврт!
Брачниот пар виделе сцена од филм - пластичен скелет, облечен од глава до пети, додека во џебот на кошулата ги чекала чудна порака.
„БУ! Ха, ха! Дали ве исплашив? Џејсон Лејн, 2013“, пишувало во пораката.
Се испоставило дека поранешниот сопственик смислил план да ги исплаши идните станари криејќи пластичен скелет во ѕидот. Сепак, тоа не е крајот на приказната!
Продолжување на „традицијата“
Заедно со скелетот, парот пронашол USB со личната приказна на човек кој некогаш живеел во стариот семеен дом, вклучувајќи фотографии. Сè било уредно документирано и зачувано како „временска капсула“.
Двојката сè снимила и го објавила на социјалните мрежи, а приказната брзо стана вирална. Голем број корисници ја коментираа шегата на претходниот сопственик како „најдобра во историјата“.
Сегашните сопственици на куќата објавија дека ќе ја продолжат „традицијата“ и повторно ќе го сокријат пластичниот скелет, но со дополнителен материјал - нивната приказна и фотографии.
„Ако нас нè насмеа, веројатно ќе ги насмее и нив“, заклучија тие.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата