logo
logo
logo

Работилница за млади ликовни таленти во Винотека во Кавадарци

Vecer | 07.12.2024

Работилница за млади ликовни таленти во Винотека во Кавадарци

Ученици од две основни училишта, „Димката Ангелов Габерот" од Кавадарци и Ваташа, сликаат под менторство на нивниот наставник по ликовно образование Горан Боев, како и уметниците Драгица Чекорова, Ќиро Јосифов, Лазар Дојчинов, Трајче Јованов, Ванчо Кеков. 

- Кавадарци отсекогаш претставува расадник на ликовни таленти. Бројни врвни уметници потекнуваат од овој град, кои оставиле белег во македонското сликарство и пошироко, истакнаа претставници на здружението. 

Директорката на Вински музеј, Елизабета Ристова, нагласи дека продолжува успешната соработка со „Роднокрајци" и дека здружението „исто како и музејот, ги негува историјата, традицијата и културата на тиквешкото поднебје“. 

Истовремено со учениците, сликаат и нивните ментори, ликовни уметници. Минијатурните дела создадени од членовите на здружението, Вински музеј ќе ги подари на своите соработници, за новогодишните празници. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk