Некои студии тврдат дека офидиофобијата е втората најчеста фобија во светот, но научниците сега решиле да докажат дека таа не е вродена.
Во договор со родителите спуштиле две змии меѓу бебиња и внимателно следеле што се случува. Додека татковците и мајките загрижено коментирале зад сцената, децата не обрнуваа внимание на „необичното“ друштво.
Уште повеќе, тие останаа фокусирани на своите играчки.
Психолозите веруваат дека, покрај стравот од височина, кај децата на оваа возраст има развиено само уште еден страв, а тоа е стравот од гласни звуци, објави каналот ABC Science.
Треба да се нагласи дека бебињата во ниту еден момент не биле во животна опасност, бидејќи им правеле друштво неотровни влекачи, навикнати на луѓе, пренесува Нет.хр.
„Стравот од змии е нешто што човекот го учи со текот на времето. Имено, бебињата исклучително добро ги читаат изразите на лицето на нивните старатели. Кога ќе се соочат со нешто ново или чудно, тие често ќе се обидат да откријат дали треба да бидат загрижени гледајќи ги изразите на лицата на најблиските. Ако препознаат страв во реакцијата, дури тогаш ќе почувствуваат страв“, било објаснето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата