logo
logo
logo

Психолог откри ШТО НАВИСТИНА САКААТ ЖЕНИТЕ од своите партнери

Vecer | 29.01.2023

Психолог откри ШТО НАВИСТИНА САКААТ ЖЕНИТЕ од своите партнери

Иако мажите често се жалат дека не знаат што сакаат, психологот д-р Саманта Родман вели дека жените знаат што сакаат и што очекуваат во нивните врски, а за  Your Tango откри што сака секоја жена кога е во врска.

1. Кога жената зборува, слушајте внимателно. Ова ќе докаже дека навистина се грижите.

2. Бидете доволно „паметни“ и не го поврзувајте лошото расположение на секоја жена со ПМС. Жените понекогаш се лути и од други причини.

3. Мажите мора да развијат EQ (емоционална интелигенција). Тоа не значи дека треба да плачат на романтични комедии, туку само дека треба да бидат малку почувствителни кон жените.

4. Во односот со жените комуникацијата е клучен фактор за решавање на проблемите. Без разговор, проблемот нема да се реши или да исчезне сам по себе.

5. Жените сакаат мажите да покажат вештини во справувањето со пријателите и членовите на семејството на жената, дури и кога тие не ги сакаат особено истите луѓе.

6. Нема да се жалат затоа што често ги готват вашите омилени оброци, но понекогаш навистина им е потребен одмор од готвењето. Убаво би било мажот да „оддолжи“ со тоа што понекогаш ќе зготви нешто. Не е важно што, изненадете ја. Како и да испадне, жената многу ќе го цени тоа.

7. Нивото на мачизам кај мажите не се зголемува пропорционално со брзината со која го возите автомобилот. Жените не сакаат кога возите со вашиот автомобил како некој да ве брка.

8. Бидете заштитнички настроени кон жената, но не и опсесивни. Жените не се ничија „сопственост“.

9. Жените едноставно ја сакаат романтиката, особено кога мажот ќе им каже колку ја сака и колку таа му значи. Како ќе го направите тоа е ваш избор.

10. Најлесен и најбрз начин да ја изгубите жената е да ја лажете. Не правете го тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk