logo
logo
logo

Прво интервју на Меган Маркл по раѓањето на малечката Лилибет

Vecer | 21.06.2021

Прво интервју на Меган Маркл по раѓањето на малечката Лилибет

На почетокот на овој месец, 39-годишната војвотка Меган Маркл и нејзиниот три години помлад сопруг, принцот Хари, ја добија ќерката Лилибет Дијана.

Двојката веќе го има двегодишниот син Арчи, а во минатото рекоа дека сакаат да имаат само две деца. Иако таа не се огласи по породувањето, јавноста цело време чекаше кога Меган ќе се обрати. Нејзиното прво обраќање до јавноста пристигна, но за жал, не по повод раѓањето на ќерката. Имено, таа се појави во радиоемисијата на НРП, Morning Edition Sunday на Денот на таткото.

Тема на интервјуто беше нејзината сликовница, која неодамна излезе во продажба. Обраќајќи ѝ се на новинарката Саманта Балабан со својот илустратор Кристијан Робинсон, Меган рекла: „Арчи ја сака книгата, Кристијан, не ти реков … тој ја сака книгата, што е одлично, бидејќи бара многу кога станува збор за книгите“.

Како што додала, секогаш кога ја читаат, Арчи бара сè од почеток.

– За мене е неверојатно што можам да му кажам дека тоа мама го напиша за него – рекла Меган, која инспирацијата за книгата ја добила од односот на Хари и Арчи.

Војвотката исто така рекла: „Тоа е љубовна приказна. Навистина станува збор само за тоа да растете со некого и да ја имате таа длабока поврзаност и оваа доверба. Така што, без разлика дали сте во добри или лоши моменти, знаете дека сте ја имале таа личност. Навистина се надевам дека луѓето ова можат да го видат како љубовна приказна што оди подалеку од приказната на моето семејство“, објасни таа.

Набргу по раѓањето на ќерката, се дозна и како нејзиниот постар брат Арчи ја прифатил.

– Арчи апсолутно ја обожава својата сестричка и ѝ дава многу бакнежи. Тој веќе ја држеше со помош на родителите. Тој е едно многу љубезно дете, полно со љубов и нема проблеми со љубомората – раскажал извор близок до кралската двојка за „ЈуЕс викли“ една недела по пристигнувањето на девојчето.

Нивниот портпарол претходно за магазинот „Пипл“ рекол дека Меган и Хари полека го подготвувале својот син за новороденчето.

– Тие многу зборуваа за бебето, бидејќи тој, сепак, е сè уште мал за да разбере сè – рекол тој.

Војводата и војвотката од Сасекс сега се целосно посветени на семејниот живот и другите обврски ќе ги стават во втор план.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk