logo
logo
logo

Првата кукла му пукна, БИЛДЕРОТ СИ НАЈДЕ НОВА КУКЛА ЗА ЖЕНА (ФОТО)

Vecer | 27.11.2021

Првата кукла му пукна, БИЛДЕРОТ СИ НАЈДЕ НОВА КУКЛА ЗА ЖЕНА (ФОТО)

Актерот и бодибилдер од Казахстан, Јуриј Толочко, минатата година се ожени со Марго, секс кукла во природна големина. Брачната среќа не траеше долго: само неколку недели по венчавката Марго пукна, а актерот љубовта ја најде во својата нова сопруга - секс куклата Луна, со која го помина медениот месец во Бугарија.

„Досега не сум имал можност да уживам во меден месец со Луна. Пандемијата ги промени плановите на сите, па кога се укажа можност да одам на работа во Бугарија, бев среќен што можам да ја земам Луна“, изјави Казахстанецот.

„Тоа беше службено патување, но беше и толку романтично што го сметам за меден месец. Во главниот град Софија останавме околу една недела и беше неверојатно“, продолжи Јури.

Јури се пофали со нивната секојдневна рутина за време на нивниот меден месец.

"Имаше многу секс. Повремено влегувавме во живо на Инстаграм бидејќи не чекаа моите следбеници, сакаа да не видат", откри актерот.

Како што вели, на луѓето им е непријатно кога ќе ги видат, но брзо се навикнуваат.

„Еднаш додека бевме на романтична вечера, келнерот на почетокот беше изненаден од жена ми, но потоа уживаше додека не гледаше. И другите гости застанаа да се сликаат со нас“, вели Јури.

Јури тврди дека и други мажи ја меркаат гумената кукла Луна.

"Луна носи многу кратки здолништа и мажите сакаат да ја гледаат како седи во мојот скут. Исто така, таа не носеше долна облека на еден од состаноците и тоа ме возбуди, а оние околу мене забележаа", признава актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk