logo
logo
logo

Протекоа лични податоци на 70.000 корисници на „Дискорд“

Vecer | 13.10.2025

Протекоа лични податоци на 70.000 корисници на „Дискорд“

Протечените податоци би можеле да вклучуваат лични информации, делумни информации за кредитни картички и пораки разменети со агенти за услуги на корисниците, според компанијата со седиште во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Платформата, којашто ја користат повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот, наведува дека хакерите не го компромитирале самиот „Дискорд“, туку партнерската компанија што ја потврдува возраста на корисниците, пишува „Би-би-си“ (BBC). Корисниците, инаку, можат да прикачат фотографии од лични документи за да ја потврдат својата возраст на „Дискорд“, којшто служи како средиште за комуникација и споделување датотеки во рамките на гејмерската заедница. 

„Дискорд“ нагласува дека целосните информации за кредитните картички, лозинките и пораките и активностите надвор од комуникацијата со корисничката поддршка не биле компромитирани.

Сите корисници чии податоци биле потенцијално компромитирани се контактирани, а „Дискорд“ работи со полицијата за да го истражи инцидентот. Платформата, исто така, го отповика пристапот до системот на партнерската компанија којашто беше цел на нападот. Нејзиното име не е јавно објавено.

Претставник на „Зендеск“ (Zendesk) - компанијата што го обезбедува софтверот за поддршка на корисници на „Дискорд“, изјави дека нивните системи не се компромитирани и дека нарушувањето на безбедноста не е предизвикано од слабости на нејзината платформа. Се појавија и тврдења дека протекувањето на податоци е поголемо отколку што „Дискорд“ призна, но портпаролот ги отфрли тие обвинувања.

Личните податоци се честа цел на киберкриминалците, бидејќи достигнуваат високи цени на црниот пазар и се користат во различни измами. Информации како што се целосни имиња и броеви на лична карта се особено вредни бидејќи, за разлика од податоците за кредитни картички, тие вообичаено не се менуваат.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk