Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а холандските градови Ротердам и Хаг се меѓу петте најскапи, покажа истражувањето на агенцијата Housing Anywhere.
Агенцијата за изнајмување недвижности ги разгледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се рангираше на првото место според цените, пред Рим и Париз, пишува НЛ тајмс.
Амстердам е на прво место во сите три категории со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсониера и 963 евра за соба.
Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра.
Во Ротердам цените на киријата се зголемени за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за дури 25,6 отсто.
На листата на десетте најскапи градови за изнајмување е уште еден холандски град Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.
Холандската асоцијација на станари Vonbond соопшти дека е шокирана од резултатите од истражувањето.
- Веќе знаевме дека кириите се високи, но фактот што излеговме како „победници“ на ова истражување, односно губитници, е тажна вест, вели Мартен Видермаер од организацијата Вонбонд.
Според него, истражувањата покажале дека цените за изнајмување во Холандија се превисоки и мора да се ограничат.