logo
logo
logo

Пролетно освежување во вашиот дом

Vecer | 25.02.2021

Пролетно освежување во вашиот дом

Месеците кога природата се буди се најинспиративни за промени кон нешто ново. Пролетта со себе носи нови идеи и желби за некоја позитивна промена во домот.

Таа е и идеален период од годината за маало освежување на вашиот дом. Пролетта е годишно време кога сите ние сакаме широко да ги отвориме прозорците и да уживаме во мирисот на липите, маслинките и јоргованот...

Саник е посветен на креирање и создавање на урбани и функционални станбени објекти со уникатен дизајн кој овозможуваат вистински да ја почуствувате пролетта.

Како да направите пролетно освежување во вашиот дом? Нашите станбени единици имаат функционален распоред и со фокусирање на вашата енергија на неколку клучни простории и детали, вашиот дом ќе се чуствува освежен и подготвен да ја пречека пролетта.

По долгата и студена зима обрнете внимание на терасата од вашиот дом, внесете весела декорација со саксии од свежо пролетно цвеќе.Поиграјте си со видот на цвеќето и боите, направете комбинации во кои ќе уживте додека го пиете вашето утринско кафе.

Убавината на домот се огледа токму во деталите, кои користејќи ја вашата креативност и следејќи ги вашите чувства веруваме дека нема да направите погрешен избор.

Во изборот на бои, посветете се на свежите бои, како што се зелената, небесно сината, а заедно со нив додадете ситно шаренило кое ќе ја разбие монотонијата. Ако размислувате што би смениле во домот, ви предлагаме да ставите нови тапети или пак направите промена на завесите, теписонот или навлаките на мебелот. Надополнете со ситни украси и свежи цветови.

Со овие промени на боите, нијансите и материјалите ќе внесете рамонтежа помеѓу растечката енергија на пролетта околу нас и мирната енергија на зимата, која до неодамна се будеше во нас.

На крајот одвојте простот за уметничка слика или други предмети и декоративни детали. Тие ќе го подобрат вашето расположение и ќе ви помогнат да го чуствувате домот освежен во духот на пролетта.

Верувале или не после овие активности вашиот дом ќе биде освежен, а вие ќе бидете подготвени да ја пречеката пролетта со многу ентузијазам бидејќи направивте мали но позитивни промени. Тимот на Саник ви посакува да уживате во вашиот дом со вашите најблиски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk