logo
logo
logo

Принцот Хари и Меган открија дали ќе ги тужат авторите на „Саут Парк“, кои ги исмеваат (ВИДЕО)

Vecer | 22.02.2023

Принцот Хари и Меган открија дали ќе ги тужат авторите на „Саут Парк“, кои ги исмеваат (ВИДЕО)

Меган Маркл била вознемирена поради начинот на кој биле прикажани таа и нејзиниот сопруг. Инсајдерот открил за британскиот таблоид дека „парот ангажирал адвокати поради Саут Парк“, и дека „може да следат правни последици“.

Сега портпаролот на парот проговори за сѐ, отфрлајќи ги наводите дека Меган и Хари сакаат да ги тужат авторите на серијата поради неодамнешната епизода. „Сето тоа е глупост. Целосно неосновани и здодевни вести“, рече портпаролот.

Потсетуваме, Саут Парк во последната епизода доста жестоко ги исмејуваше принцот Хари и Меган Маркл. Епизодата се вика World Private Tour, а главни ѕвезди се „принцот од Канада и неговата сопруга, кои се обидуваат да најдат приватност и изолација во мало планинско гратче“.

Во епизодата има и сцена што се случува на сетот на ТВ-шоуто. Двојката излегува на сцената држејќи ги натписите „Сакаме приватност“, додека водителката држи примерок од новата книга на принцот со наслов Waaah.

„Живеевте со кралското семејство. Имавте сè на располагање, но велите дека животот ви бил тежок. Сè за тоа сте напишале во вашата нова книга Waaah“, им вели водителката. Сопругата на принцот тогаш одговори: „Реков, да напишете книга бидејќи кралското семејство е глупаво, а исто така и новинарите“.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk