logo
logo
logo

Принцот Хари ги поддржа родителите во тужбата против „Мета“ и „Јутјуб“

Vecer | 13.02.2026

Принцот Хари ги поддржа родителите во тужбата против „Мета“ и „Јутјуб“

Хари им се обрати на семејствата по почетокот на судењето во Калифорнија, во кое се разгледува дали платформите „Инстаграм“ и „Јутјуб“ имаат штетно влијание врз менталното здравје на младите.

Тужбата е насочена против „Мета“, сопственикот на „Инстаграм“, и против „Јутјуб“. Семејствата тврдат дека социјалните мрежи се „дизајнирани да создаваат зависност“, а сопствениците на компаниите ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Според британскиот принц, никој не смее да доживува вакво нешто земајќи ги предвид нивните приказни. Тој заклучи дека станува збор за нерамноправна борба меѓу семејствата и големите технолошки гиганти.

По ова, една од мајките, чиј 14-годишен син починал, а таа верува дека смртта е поврзана со опасен онлајн-предизвик, изјави дека ова е прв ваков случај и дека може да им предизвика големи проблеми на газдите. Но, и покрај таквите сведочења, од „Мета“ одлучно ги отфрлаат причините за тужбата и посочија дека вовеле посебни тинејџерски профили со вградени заштитни мерки и алатки за родителска контрола. На ова се надоврзува и „Јутјуб“ нагласувајќи дека располага со разни опции за ограничување содржини за помлади корисници.

Освен Калифорнија, и неколку други американски сојузни држави поведоа постапки со барање построги мерки за платформите во сопственост на „Мета“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk