Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, пишува Mirror.
Таа на прославата пристигнача заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, пренесува Танјуг.
Во Велика Британија се славеше официјалниот роденден на кралот Чарлс, а на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон ќе учествуваат повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.
Кралското семејство беше собрано на балконот на Бакингемската палата над кој ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата