logo
logo
logo

Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година

Vecer | 24.12.2024

Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година

„Годината ја завршуваме со повеќе од 500 милиони долари во готовински резерви, без да се вклучи крипто имотот“, истакна Дуров преку својата платформа.

Според него, 2024 година се покажала како исклучително успешна за Телеграм, а по првпат во трите години од монетизацијата, компанијата станала профитабилна.

Дуров откри дека бројот на премиум-претплатници тројно се зголемил во текот на оваа година, надминувајќи 12 милиони.

„Последниве четири години, Телеграм имаше долг од околу две милијарди долари. Оваа есен успеавме да отплатиме значителен дел од долгот, користејќи поволни цени на обврзници. Сепак, останува уште многу работа“, додаде Дуров. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk