Хонгчи Ксиао (61) од Клаудбрејк, Калифорнија, алтернативен исцелител, е осомничен за убиство од небрежност бидејќи 71-годишната жена со дијабетес, која се разболела, починала за време на неговата терапија со шлаканици.
Тој сега се соочува со судски процес и обвинение за убиство од небрежност, пренесе Гардијан.
Жртвата барала алтернатива за нејзиниот инсулински лек за дијабетес тип 1 поради вегетаријанството и стравот од игли, поради што решила да се подложи на овие методи на лекување.
Таа првпат се приклучила на работилницата „Паида Лајин“ - што значи „шамар и истегнување“ - што обвинетиот ја спроведувал во Бугарија во јули 2016 година.
„Се вели дека е метод за самолекување каде што „токсичниот отпад“ се исфрла од телото со тапкање и шлаканица по делови од телото. Тој објасни дека за време на терапијата престанала да зема инсулин. Многу ѝ се слошило, почнала да повраќа и тешко ѝ било да зборува, да разбере. Обвинетиот бил присутен, тој разговарал со неа за земање инсулин и бил во позиција да ги види ефектите врз Даниела и што се случува кога таа престанала да зема инсулин и кога ќе почне повторно.“ рече обвинителот.
По инцидентот, Данијела продолжила да присуствува на работилницата на обвинетиот во Вилтшир во октомври истата година.
Таа повторно престана да зема инсулин и сериозно се разболе пред да умре четвртиот ден откако исцелителот не побарал лекарска помош за неа, рече обвинителот Аткинсон.
„Знаеше дека Данијела може да умре на овој начин и имаше влијание врз нејзината одлука. Накратко, реши да ѝ честита на дијабетичарката која престана да зема инјекции, наместо да ја убеди да не си го ризикува животот“, додаде тој.
Претходно, исцелителот бил гонет за смртта на шестгодишното момче кое починало во 2015 година. Момчето исто така престанало да зема инсулин откако неговите родители го однеле во работилницата во Сиднеј.
Обвинителот истакнал дека исцелителот со денови ја гледал Данијела како умира и не преземал ништо за да го спречи тоа. Имено, на жената „сè повеќе и се слошило“ и дека вториот ден „се слушало како плаче и вика додека лежи на креветот“. Третиот ден Даниела „повраќаше, беше уморна и слаба, а до вечерта не можеше да зборува“.
За жал, на 20 октомври 2016 г. Данијела Кар-Гом починала од дијабетична кетоацидоза како директен резултат на нејзината одлука да престане да зема инсулински инјекции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата