logo
logo
logo

Познатата манекенка ШОКИРА со својот изглед, дали е АНОРЕКСИЧНА!?

Vecer | 11.06.2021

Познатата манекенка ШОКИРА со својот изглед, дали е АНОРЕКСИЧНА!?

Бразилската манекенка, 36-годишната Луди Делфино, колешка и една од најдобрите пријатели на 40-годишната Алесандра Амбросио, која редовно може да ја гледаме на модните писти во соработка со големи брендови како Викторија Сикрет, Таргет, Т, Макс, Форевер 21 и многу други ја шокира јавноста со својот изглед.

Оваа манекенка и холистички тренер кој ги красеше насловните страници на списанијата како што се списанието GQ, Genlux, The Atlanta и Miami Magazine, денот го помина на плажа во Калифорнија, позирајќи во разни бикини на брегот на Пацификот.

Во Санта Моника ја придружуваа колешки и пријателки, меѓу кои беше и нејзината многу позната сонародничка Алесандра Амбросио. Покрај сензуалното позирање крај океанот, манекенките позираа во оскудни костуми за капење и играа одбојка на песочната плажа.

Иако глетката на привлечни модели во жешки бикини не остави никого рамнодушен, на многумина погледот го задржаа на Луди, но не од сексапил, туку од загриженост.

На папарацо фотографиите, Луди изгледа испиено и исклучително слабо, па многумина се загрижени за нејзиното здравје. „Изгледа многу слабо и кревко.“ „Ѝ се познаваат сите коски и зглобови, особено ребрата.“

Од друга страна, многумина се прашуваат и што рекламира во таква состојба? Дали снима реклама за изгладнување бидејќи нејзината физичка состојба испраќа апсолутно погрешна, дури и загрижувачка порака за пропорциите на телото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk