logo
logo
logo

Повторно отворен воздушниот простор на Иран

Vecer | 15.01.2026

Повторно отворен воздушниот простор на Иран

Иран вечра го затвори воздушниот простор освен за меѓународните летови, што можеа да се реализираат само со официјална дозвола.

Од вчера голем број земји ги предупредуваат своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги повика Американците да го напуштат Иран, а повлечен е и дел од персоналот во американската воена база во Катар, како „мерка на претпазливост“.

Владата на Катар, по повлекувањето на дел од персоналот од американската воена база Ал Удеид, соопшти дека „продолжува да ги спроведува сите потребни мерки за заштита и безбедност на своите граѓани“.

Министерството за надворешни работи на Италија ги повика своите граѓани да го напуштат Иран и наведе дека презема мерки за заштита на своите трупи во Блиски Исток, вклучително во Ирак и во Кувајт.

Додека Германија им препорача на авиокомпаниите да ги избегнуваат иранскиот воздушен простор поради можна употребна на „противавионско оружје.

Велика Британија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран и го повлече целиот персонал од Иран.

И Шпанија и Индија им препорачаа на своите граѓани да избегнуваат патувања в Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk