УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето.
-За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука.
Повеќе информации за критериумите за поднесувањето предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на линкот: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.
Во повикот објавен на веб-страницата на МОН е дпостапен форумулар кој пополнет треба да се достави во електронска форма до: [email protected] најдоцна до 2 декември 2024.
-Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе им се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност, се наведува во повикот што го објави МОН.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата