logo
logo
logo

Повеќе од 2.200 педофили откриени за неколку години преку операцијата „Нинџа желка“

Vecer | 31.05.2023

Повеќе од 2.200 педофили откриени за неколку години преку операцијата „Нинџа желка“

Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформата GigaTribe, која овозможува анонимна размена на податоци.

Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“. Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау.

Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили.

„Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех“, разоткриени се повеќе од 2.200 педофили, соопшти полицијата во Аргау.

Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk