logo
logo
logo

Повеќе од половина од лекарите во Италија се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност

Vecer | 16.12.2024

Повеќе од половина од лекарите во Италија се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност

Малку повеќе од половина од лекарите во Италија, 52 отсто, како и 45 отсто од медицинските сестри се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност поради стрес и други видови на оптоварување, се вели во најновиот извештај на фондацијата Енпам и агенцијата за истражување Еурипес. 

Како што се наведува во извештајот, тие често мораат да работат под стресни услови, во клиники каде што нема доволно медицински персонал, а се повеќе се соочуваат со агресивно, а понекогаш и насилничко однесување на пациентите и нивните семејства, пренесоа италијанските медиуми.

За нивниот обем на работа придонесува и тоа што голем дел од нив работат врз основа на договори за привремена работа, а во тој случај нивните плати се за 22 отсто помали од нивните колеги во другите европски земји./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk