logo
logo
logo

Потрошила 1.400 евра на операција на очните капаци

Vecer | 23.04.2024

Потрошила 1.400 евра на операција на очните капаци

Џема Гилфо е шминкерка која никогаш не била задоволна од својот изглед.

Џема Гилфо (39) е шминкерка од англискиот град Ливерпул, која отсекогаш ги мразела своите спуштени очни капаци кои изгледале како „клапнати“. Како што стареела, тоа станувало се поочигледно, па на прагот од петтата деценија решила конечно да оди на операција на очните капаци.

Потрошила 1.400 евра за отстранување на вишокот кожа од очните капаци. Според неа, како некој што работи во индустријата за убавина веќе 19 години, порано не можела а да не се споредува со жените што ги шминкала.

- Очните капаци природно ми се спуштени и ги мразам од кога знам за себе. Не можев а да не им се восхитувам на жените со совршени очни капаци, бидејќи нивната шминка беше совршена. Направив операција за подобро да ми стои шминката и не се покајав - објаснила таа.

Операцијата ја направила во Амстердам, а несаканиот ефект е лузна од 5 сантиметри над десното око во периодот на закрепнување. И покрај лузната, Џема не се кае за интервенцијата и вели дека е многу возбудена што ќе може да ги нашминка своите „нови очни капаци“.

Гилфо првпат слушнала за можноста за отстранување на вишокот кожа на очните капаци од своите клиенти. Жените во нејзиниот салон за шминка редовно разговарале на оваа тема. Џема претходно истражила некои клиники во Ливерпул, пред да одлучи тоа да го направи во Амстердам. Таа преку телефон имала триесетминутна консултација со специјалист, за да биде подетално информирана за постапката.

Операцијата била изведена со локална анестезија и траела околу 30 минути. Сепак, по операцијата, очите добиле модринки и имале оток во следните шест дена. Лекарите ѝ објасниле дека крајниот ефект од операцијата ќе го добие по четири месеци. Џема е воодушевена од резултатите, иако процесот на закрепнување е во тек.

- Се чувствувам одлично, ми се допаѓа што го направив тоа. Сосема е безболно и не ми е толку гајле за лузната, иако имам уште два месеци до целосно заздравување. Очите ги мијам со солен раствор, строго избегнувам сапун на лице, додека од аналгетици пијам парацетамол и ибупрофен. Конечно сум целосно задоволна од својот изглед и среќна сум што решив да направам нешто што долго време го посакував – објаснила таа за Дејли стар.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk