logo
logo
logo

Последната снимка од најпознатата блондинка на светот - Смртта на Мерилин и ден денеска е мистерија

Vecer | 06.08.2022

Последната снимка од најпознатата блондинка на светот - Смртта на Мерилин и ден денеска е мистерија

Мерлин Монро е пронајдена мртва на 5 август 1962 година во нејзиниот стан во раните утрински часови, од страна на нејзиниот психијатар Ралф Гринсон. Нејзината куќна помошничка, Јунис Мареј почувствувала дека нешто не е во ред. Видела светлина под вратата, но не можела да влезе во собата.

Подолу е последната позната снимка на една од најубавите жени во светот. Создадена е на крајот на јули 1962 година и ја прикажува актерката како позира на плажа за фотографот Џорџ Борис. Снимката ја направиле случајни минувачи кои присуствувале на фотографирањето.

Џорџ подоцна изјавил дека е очигледно дека „нешто ја мачи“ актерката. Нејзините расположенија се движеа од хистерична смеа до бесмислени солзи. Таа беше расеана и не обрнуваше внимание на она што го зборуваат.

Веста за мистериозната смрт стана насловна страница на сите тогашни весници. Стапката на самоубиства во Лос Анџелес се удвои по смртта на актерката, а весникот секојдневно добивал десетици повици и писма со барања од читателите да дознаат што се случило со познатата актерка и пејачка.

– „Смртта на Мерлин Монро е ужасна лекција за сите оние кои сакаат да навлезат во приватноста на ѕвездите и да претураат низ нивните животи“ – истакнал тие денови францускиот уметник, Жан Кокто.

На погребот на најпознатата русокоса од тоа време присуствувале, само нејзините најблиски луѓе, додека околу гробиштата биле собрани стотици љубопитни набљудувачи.

Популарноста на актерката, која продолжува и денес, е тесно поврзана со нејзиниот имиџ кој излезе во јавноста. Мерилин, од една страна, беше секс симбол, модна икона и една од најпознатите ѕвезди на стариот Холивуд. Од друга страна, таа беше позната по турбулентниот приватен живот, трагичното детство и прекумерното однесување. За неа пишуваа и новинарки и феминистки. Некои ја сметаа за жртва на студии кои и го уништија животот. Други ја сметаа за  борец за некаква слобода, кој на крајот немаше сила да го издржи притисокот и очекувањата на јавноста.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=riNT65h7uWs&t=1s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk