logo
logo
logo

После трагедија, строга контрола: ТикТок забранет за помлади од 13 години

Vecer | 05.02.2021

После трагедија, строга контрола: ТикТок забранет за помлади од 13 години

Кинеската платформа за поставување видео снимка го блокира пристапот за деца под 13 години на апликацијата ТикТок и користејќи вештачка интелегенција ќе ги потврди годините на корисникот, откако се случи трагедија со десетгодишно девојче од Палермо која извршила самоубиство со бесење во “Блекаут предизвик“.

Надзорни органи во Италија ќе ја проценат ефикасната мерка кој ја објавил ТикТок, пренела АНСА.

После смрта на девојчето кон крај на јануари, следел случај на жена (48) од Саракуза на Сицилија, која е испитувана поради наводно потикнување на самоубиство со поставување видео снимка на ТикТок, на која се гледа маж и жена како одмотувааат леплива трака околу уста и нос, во уште еден “Блекаут предизвик“.

Истражителите во меѓу време ја прошириле истрагата по повод смрта на девојчето од Палермо, поставувајќи прашања на Фејсбук и Инстаграм како било возможно да се отвори налог на нивните профили.

Фејсбук порачал дека ќе соработува со истражителите, а што се однесува на влијанието на Тик Ток од Сиракуза, полицијата открила дека поставила уште снимки, каде што со нивна помош дошла до 730.000 следбеници од различна возраст.

Тие следат околу 20 опасни предизвици, вклучувајќи дишење крема преку нос, затворање очи со клешти и исценирано кршење рака со лонец за готвење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk