logo
logo
logo

Поради овој ТРЕТМАН ЗА УБАВИНА РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ од СМРТОНОСНА БОЛЕСТ, од која на секои 30 секунди по некој умира

Vecer | 28.07.2024

Поради овој ТРЕТМАН ЗА УБАВИНА РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ од СМРТОНОСНА БОЛЕСТ, од која на секои 30 секунди по некој умира

Хепатитисот е подмолно заболување кое нема специфични симптоми, во раните фази може да се открие само со тестирање, па затоа се препорачува секој возрасен барем еднаш во животот да се тестира за хепатитис Б и Ц, посочи проф. д-р Ивана Милошевиќ, инфектолог, гастроентерохепатолог, професор на Медицинскиот факултет во Белград и заменик директор на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клинички Центар Србија.

- И покрај вкоренетото мислење дека болеста се шири само меѓу одредени ризични групи, можноста за зараза е можна насекаде во многу животни ситуации во кои е нарушен интегритетот на кожата, како што се тетовирање и одредени третмани за разубавување, но може да се пренесе и за време на бременост од мајка на дете - рече д-р Милошевиќ и даде пример за неодамнешното зголемување на бројот на заразени за време на тетовирање веѓи, третман кој неодамна стана многу популарен.

Драгојевиќ рече дека во Србија има соодветна терапија за лекување на хепатитис Б и Ц, а од 2006 година и новороденчињата се вакцинираат против хепатитис Б, но дека треба да се работи на зголемување на достапноста на тестирањето, како и да се запре стигматизација на лица со хепатитис.

Смртоносна и занемарена болест

“Минатата година во Србија се регистрирани 392 случаи на заболени од вирусен хепатитис, а од почетокот на оваа година пријавени се 254 случаи на хепатитис Б и Ц,“ соопшти м-р. мед д-р Виолета Ракиќ од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ-Батут“.

Во светот повеќе од 300 милиони луѓе живеат со хепатитис, а во Србија од овој вирус се заразени околу 70.000 луѓе, изјави претседателката на Здружението на заболени од хепатитис „Хронос“, Ивана Драгојевиќ.

По повод одбележувањето на Светскиот ден на хепатитис 28 јули, таа посочи дека новиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека бројот на смртни случаи поради хепатитис се зголемува, како и дека секоја година се губат повеќе од 1,3 милиони животи како резултат на инфекција со хепатитис Б и Ц.

- Министерството за здравство работи на зголемување на достапноста на тестирање за хепатитис Б и дека до крајот на летото ќе биде донесена Националната програма за превенција, лекување и дијагностицирање на хепатитис - најави помошникот министер за јавно здравје на Министерството за Здравје на Србија, Јелена Јанковиќ, пишува Танјуг и пренесува Блиц.

Денеска е ден на борба против хепатитис во светот, оваа болест која е една од најсмртоносните и најзапоставените болести, одзема животи на секои 30 секунди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk