logo
logo
logo

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Vecer | 28.03.2024

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk