logo
logo
logo

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Vecer | 28.04.2024

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk