logo
logo
logo

Попови: Виното „My story“ прогласено за најдобро црвено вино од Македонија на најголемиот светски вински натпревар во Германија

Vecer | 05.03.2026

Попови: Виното „My story“ прогласено за најдобро црвено вино од Македонија на најголемиот светски вински натпревар во Германија

- Се работи за најголем светски вински натпревар, „Mundus Vini 2026“. На натпреварот учествуваа над шест илјади вина од целиот свет, во повеќе категории. Оценувањето го вршеа 150 врвни вински експерти. Македонија има одлична географска положба за производство на црвени вина. Овде секоја винарија се гордее со своите црвени вина. Конкуренцијата е огромна и само нијанси одлучуваат за победникот. Оваа година, наградата ја освои ова вино, но, рекле, со вистински карактер, во кое грижливо се споени винските сорти на грозје, „вранец“, „каберне совињон“ и „мерло“. Зреено, одлежано е во барик буриња 12 месеци, појаснија Весна и Гоце, сопственици на винскиот подрум „Попови“.

Тие изразија задоволство, што, како што истакнаа, многубројните награди за нивните вина, се потврда за грижливата работа, посветеноста и континуираната едукација.

- Наглрадите се и доказ дека ова е вистинскиот правец, правецот во кој оваа мала винарија од срцето на Тиквешкиот Регион се развива во вистинска насока. Македонија има што да покаже, нагласија Попови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk