Значи, под ист покрив во Минеаполис се „најтивката соба“ и „најгласната соба“, како што опишува популарниот јутјубер Рајан Трахан. Решил да се тестира во комора специјално дизајнирана да ја рефлектира звучната енергија.
Додека „најтивката соба“ ќе ве шокира со целосен недостаток на звук, комората со одек ќе ја рефлектира бучавата, пренесува LadBible.
„Во оваа комора добивате приближно 100% рефлексија на звукот. Затоа, нивото на бучава останува исто, каде и да седите или стоите. Колку погласно зборувате, толку станува полошо“, објасни креаторот Стив Орфилд.
Тој му предложи на Јутјуберот да пушта класична музика (на повеќе звучници) додека е во собата и да види колку време е потребно за нивото на бучава да стане непријатно.
По првата минута, на Рајан му станало непријатно, а набрзо нервозно шетал низ собата, покривајќи ги ушите со раце. Едноставно, „сензорното оптоварување“ било преголемо и физички неподносливо.
Затоа по три минути и 37 секунди извикал дека „веќе не може“ и излегол надвор. Размислувајќи за непријатното искуство, тој истакнал дека не можел да остане „смирен“ поради нивото на бучава (измериле 120 децибели).
Забележете дека Рајан наведува дека ја пробал „најгласната соба на светот“. Сепак, титулата му припаѓа на RATF (Reverberant Acoustic Test Facility), кој е дел од истражувачкиот центар на американската агенција НАСА во Охајо.
Според Гинисовата книга на рекорди, во оваа специјализирана просторија, изградена од бетон, можно е да се произведе звук од 163 децибели.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата