logo
logo
logo

Полната Месечина позитивно ќе влијае на овие 3 хороскопски знаци: Особено во љубовта и во работата

Vecer | 25.06.2021

Полната Месечина позитивно ќе влијае на овие 3 хороскопски знаци: Особено во љубовта и во работата

Јунската полна месечина е третото и последното поставување на перигејот („супермесечина“) во 2021 година. Астролозите предвидуваат како тоа влијае на хороскопот. Тие издвоија три знаци на кои овој период ќе влијае особено позитивно и оптимистички. Тоа се Девица, Шкорпија и Јарец.

Девица

Луѓето родени во овој знак може да очекуваат прилив на позитивна енергија и инспирација, но моќта на полната месечина особено ќе влијае на нивниот љубовен живот. Сè некако ќе биде полесно, како да пирка ладно освежителено ветре. Олеснувањето ќе следи кога ќе заврши ретроградната фаза на Меркур.

Совет за Девиците - бидете свесни за вашата романтична страна, отворете се и закажетељубовен состанок со некој што го сакате, можеби дури и подолго време, но немавте храброст да покажете емоции до сега.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија може да очекуваат богат социјален живот и подобрени односи со пријателите, колегите, соседите, па можеби дури и со членовите на семејството. Нивните комуникациски вештини ќе станат подобри, а тоа неизбежно ќе доведе до напредување во кариерата.

Совет за Скорпиите - не заборавајте да се поврзете со луѓе кои можат да ви помогнат на работа и да ве охрабрат да ги искористите максимално професионалните идеи.

Јарец

Оваа полна месечина е во знакот на Јарец, така што лицата родени под овој знак ќе имаат чувство дека направиле нешто навистина големо. Тие ќе почнат повеќе да се ценат себеси и своите способности. Во блиска иднина ги очекуваат можности за личен раст и развој, што дефинитивно треба да ги искористат.

Ќе имате чувство дека сте направиле нешто големо и почнувате повеќе да се цените себеси. Ќе станете најдобра верзија на себе си и нема да мора да чекате долго за тоа.

Совет за Јарците - ова е краен момент да започнете и да ја користите вашата автентична моќ. Покажете им на сите околу вас колку сте единствени, талентирани и вредни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk