logo
logo
logo

Полицаец со голи раце фати алигатор: Да му ја зголемите платата (ВИДЕО)

Vecer | 29.08.2024

Полицаец со голи раце фати алигатор: Да му ја зголемите платата (ВИДЕО)

На местото на настанот бил испратен поручник Бил Хенри, а неговата задача била да го фати „натрапникот“ на прагот.

Камерата која ја носел го уловила моментот кога се приближува до вратата од семејната куќа, каде што „седело бебето алигатор“.

Полицаецот донел алатка за фаќање диви животни, но на крајот го фатил рептилот со голи раце и го однел на побезбедна локација.

Патем, алигаторите се заштитен вид во Тексас, каде што е нелегално да се обидат да ги преместат без официјална помош.

Видеото го погледнале повеќе од 120.000 луѓе на Фејсбук, а многу корисници ја пофалија реакцијата на полицаецот, пренесува UPI.com.

„Овој човек заслужува покачување“, напишала една личност.

Додека поручник Хенри го носеше алигаторот во раце, една жена извика: „Ти си херој“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk