logo
logo
logo

Полицаец и полицајка НЕ СЕ ЈАВИЛЕ НА ПОВИК, ИМАЛЕ СЕ*С ВО КОЛАТА - Афера во Англија

Vecer | 23.09.2021

Полицаец и полицајка НЕ СЕ ЈАВИЛЕ НА ПОВИК, ИМАЛЕ СЕ*С ВО КОЛАТА - Афера во Англија

Полицаец и полицајка на југоистокот од Англија ги игнорирале повиците на граѓаните бидејќи имале секс во службен автомобил.

Моли Едвардс и Ричард Патон биле откриени кога нивниот службен автомобил бил озвучен поради сомневање дека имале афера.

„Не одговарај, само соблечи се“ - се слушнал Патон како зборува веднаш откако биле повикани да им помогнат на своите колеги поради грабеж на локалниот пазар.

Потоа игнорирале да одат во ноќен клуб каде што се случила тепачка, па се паркирале до блиската болница за да имаат секс.

„Од транскриптот на она што се случувало во следните петнаесет минути откако се паркирале, јасно е дека имале секс“, рече полицијата.

Двајцата се отстранети од должноста поради аферата, а Едвардс пред отпуштањето рекол дека не биле секогаш во врска, но ги потиснувале своите чувства долго време во обид да ја стават работата на прво место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk